Алтернатива Настани

Lord of the Dance – “Dangerous Games”

Сподели:

Арена Борис Трајковски, Lord of the Dance – “Dangerous Games”, 11. април

Најголемата ирска танчерска сензација во митската авантура на ова шоу со себе носи сѐ ново, од музика до сценографија, костимографија и кореографија. Тука се и холограмските проекции, најсовремената сценска технологија, специјалните светлосни ефекти, разиграните роботи и најдобрите светски акробати и танчери. Сето тоа е доволна причина да не го пропуштите овој музичко-танчерски настан или како што порачува екипата на LORD OF THE DANCE: „Препуштете се во прегратката на извонредниот танц кој ќе ве одведе на патување исполнето со енергија и страст…“

LOTD досега собори повеќе светски рекорди – Флетли во Гинисовата книга на рекорди е запишан како човекот со најбрзите нозе на светот, со незамисливи 35 удари во секунда; шоуто се изведуваше дури 21 пат по ред во „Вембли“ арената во Лондон; за само 10 дена беа продадени 250.000 влезници на турнејата во Австралија и „Lord of the dance’“ постојано ги соборува сите рекорди во продажбата на влезници ширум светот, оставајќи ја публиката без здив, желна за уште повеќе магија.

mk.tickets

Сподели: