7 дена Вести

Магла во котлините

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност која попладне ќе се намалува. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северозападен правец, што ќе предизвика делумно намалување на маглата.

Максималната температура ќе достигне од 8 до 16, а во местата со магла од 2 до 5 степени.

 

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата. Максималната температура ќе достигне 4 степени.

Сподели: