ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, во источните од северозападен правец, а вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Температурата ќе се движи од 8 до 30 степени.

 

 

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат пониски во споредба со претходните денови.

Во текот на наредните денови ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.