Македонија – Израел 1:0 – (Видео)

Сподели

Репрезентацијата на Македонија успеа да оствари вечерва гостинска победа во Хаифа, против домаќинот Израел со 1 : 0.

Горан Пандев и донесе на нашата селекција важа гостинска победа, но интересен е и фактот дека му асистираше младиот македонски фудбалски бисер Елиф Елмас. Фудбалерот на Фенербахче влезе во игра во 63-тата минута, а само десет минути подоцна со прекрасно проигрување му асистираше на Пандев за погодокот.

Македонската репрезентација го запиша својот најголем резултат кога е во прашање дуел со подоброрангирана од нас селекција, славејќи на гостувањето против Израел со 0-1 во 7. коло од Групата Г во квалификациите за СП 2018.

https://youtu.be/0Q_nxIk2bQQ