“Македонија памети, никогаш да не се повтори“ – 69 години од Битолскиот архив

Сподели

 

Со изложбата на документи и фотографии на тема: “Македонија памети, никогаш да не се повтори“, посветена на македонските Евреи, во Офицерскиот дом во Битола, Одделението на Државниот архив во Битола, одбележа 69 години од своето основање.
 
 
 
 
 
Државниот архив – Одделение Битола е значајна институција, трезор на оригинални документи, писма, фотографии и друг вид архивски материјали од регионот, што се однесуваат на најзначајните општествено-политичките процеси, настани и личности за нашата држава.
 
Како чувар на колективната меморија, денес Државниот архив – Одделение Битола гради и афирмира соработка со пошироката заедница заради негување на нашата историја, но и реализира осмислени истражувачки процеси што ја збогатуваат нашата национална историја, култура и традиција.
 
 
 
 
Изложбата “Македонија памети, никогаш да не се заборави” во Офицерскиот дом во Битола, ќе биде отворена до 31 мај 2023 година.