МАКЕДОНИЈА – ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб ветер од променлив правец ќе преовладува денеска во земјава. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 33 до 39 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.

Во Скопје слично време со утринската температура до 17 и дневна до 37 степени.

 

 

Од утре следува постепен пад на температурите. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но и со локална нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.