Македонската книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт

Сподели:

Македонската книжевност и годинава ќе биде претставена на Саемот на книгата во Франкфурт, кој ќе се одржи од 7 до 11 октомври.

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) ќе настапи со национален штанд, на кој ќе бидат претставени современата македонска книжевност и литературата за деца, со фокус на можностите за превод и објавување македонски автори во странство.

МАИ го продолжува концептот „Читај во 7/8“, преку кој македонската книжевност се претставува како литература со сопствен ритам и препознатлив глас. На саемот ќе бидат промовирани и можностите за финансиска поддршка на преводи преку актуелниот конкурс на Министерството за култура и туризам.

Националното претставување на македонската книжевност се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Сподели: