Македонската политичка наковална – Џабир ДЕРАЛА

Сподели

Сега веќе е доцна, но подобро доцна, отколку некогаш… Да разјасниме неколку работи околу овие претседателски избори.

Неспорна е важноста на овие избори. Како и секогаш и секаде, така и на овие избори, па нека се и претседателски, важно е дали на претстојните избори ќе изгуби национализмот и повиците за „гасни комори“ или европските вредности. Кристално чисти не можат да бидат, бидејќи изборните процеси никогаш (па и никаде) не можат да бидат тоа, но овие ќе бидат сѐ уште далеку од тоа. Од друга страна, заморот на гласачите од жестокото темпо на политиката ја направи целата кампања некако млитава, ако ги изземеме говорот на омразата и национализмот, а секако и политичките дисквалификации.

На кампањата водат политичките партии и нивните лидери, некаде помалку, некаде повеќе, но конфузијата е очигледна. Се натпреваруваат претседателските кандидати, но уште побрзо, повеќе, погласно и повидливо трчаат политичките партии и лидерите. Лидерите на албанските партии, особено оние што го поддржаа Пендаровски се посебна, до некаде и смешна, приказна што не смее да остане нераскажана.

***

И, што е донекаде и апсурдно… Сегашните носители на политичката и извршната моќ максимално ги „штедат, мазат и пазат“ своите политички ривали. Освен што голем дел од моќта на партиските структури на режимот сѐ уште се активни и ги држат позициите во системот, тие во овој период слободно, како и порано, ги користат службените погодности, за да спроведуваат кампања. Иако се забележува дека главните носители на власта внимаваат да не користат службени автомобили и други придобивки на своите позиции (барем оние највидливите), СМС пораките останаа, агитирањето и притисоците останаа, макар и да се неспоредливо поблаги од порано.

И така, власта се најде во една апсурдна позиција. Коалиционите партнери се однесуваат како што секогаш се однесувале, опозицијата ја пее старата песна, оставена на мира да прави што сака (амнестирана, ослободена, во фаза на преговори), а сите останати се на милост и немилост на скапо платената, а евтина циркуска забава, силно зачинета со национализмот на дел од учесниците во изборната трка.

Колумната на Џабир Дерала за цивил.мк во целост прочитајте ја тука.