Македонското камерно трио „Аура“ со концерт во Истанбул

Сподели:

Македонското камерно трио „Аура“ вечер ќе ѝ се претстави на истанбулската публика со концерт во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој. 

На концертот ќе бидат изведени дела од Гери Шокер, Јан Кутсир, К. Димушевски, Љубомир Трајковски-Фис и Астор Пјацола. Програмата ќе биде заокружена со обработка на македонската народна песна „Ој ти момче охриѓанче“, во аранжман на Валентина Димовска.

Ова музичко гостување се реализира во рамките на програмата на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, во соработка со Здружението на Истанбулската филхармонија, како уште една можност за претставување на македонската музичка уметност пред турската публика.

Триото „Аура“ го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: Страшо Темков на флејта, Ана Гацева на пијано и Марјан Милошевски на фагот, сите редовни професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Сподели: