“Македонци-Милениумски сведоштва за идентитетското име” во Париз на Бранислав Светозаревиќ

Сподели

 

Едно од најзначајните дела за Македонија и идентитетот на Македонците, досега напишано, “Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име” на авторот Бранислав Светозаревиќ Покорни, пристигна и во Париз, Франција, во склоп на европската промоција. Д-р Бранислав Светозаревиќ, заедно со промоторите Ацо Крстески, претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Европа и м-р Маја Славева, докторант по безбедносни науки, во Македонската Православна Црква “Свети Кирил и Методиј” во Париз, пред македонските иселеници детално ја претставија книгата и го истакнаа нејзиното значење за македонскиот народ и историја.

 

 

Домаќините и воедно организаторите на овој настан од Македонската православна општина „Свети Кирил и Методиј“ во Париз, Протоереј о. Даниел Стојчевски и господин Владимир Будимовски, заедно со целиот тим на Македонци во Франција, се погрижија за големата посетеност и беспрекорна организација на настанот.

Авторот, д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни, го претстави своето дело со посветеност и страст, раскажувајќи за истражувањата и анализите на историските настани и милениумските сведоштва за македонското име, додека ја создавал оваа книга. Ова разви големо интересирање на публиката со што следеше двочасовна дискусија на авторот со одговори на прашања околу разни историски настани за македонската историја.

 

 

Во текот на посетата на Париз, авторот и промоторите имаа и неверојатно искуство да го најдат патот до кафаната на Гемиџиите, каде што настанала и легендарната песна “Налеј, Налеј”. На најголема радост на посетителите, во чест на Гемиџиите и нивната борба за Македонија, оваа легендарна песна беше изведена повторно на истото место, по 120 години, од страна на Златко Николовски, Дарко Китаноски, Маја Славева, Ацо Крстески и ценетиот автор на книгата „Македонци -Милениумски сведоштва за идентитетското име“, Бранислав Светозаревиќ Покорни.

 

Со ова, Европската турнеја за “Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име” продолжува да ги прославува и споделува богатите аспекти на македонската историја и култура со светот, а Гемиџиите кои што се наоѓаат во срцето на оваа приказна во Париз, носејќи во себе непокор и љубов кон Македонија.  

 

https://www.facebook.com/makedoncimileniumskisvedostva/videos/1222590921912423/