Алтернатива Скопје Чита

КЛИК – Една на Мајка

Сподели:

536786_358707414191092_539717025_n

Ја седнаа на едно столче што се врти и ѝ рекоа да го покаже најдоброто од себе. А што знаеше таа што е најдоброто што го има во себе на само 6 години? Ја заслепуваа рефлекторите, ја плашеа сребрените чадори, белината околу неа и..слушаше само гласови. Беа упатени до неа? Го покриваше лицето, се тресеше од студ и плачеше. Прекорните зборови ѝ одѕвонуваа дека мора да биде послушна. Она е кукла, слатка мала кукла. Она е трофеј на својата мајка. која безмилосно, се` што сакаше е да ја дотерува и фотографира. “Колку е слатка!” – забележуваше тој. Молеше за само уште една фотографија. Доби 100. Барем така нејзе ѝ се чинеше…не беше сигурна во себе веќе. “Биди умна и ќе добиеш ново фустанче” – рече мајка ѝ. Иако не беше сигурна дека го посакуваше, сепак го доби. Го облече. Се качи на старата круша и … успеа да го искине. Бесот беше голем. Образите и гореа од болка од силните удари на мајка ѝ. Се тресеше цела не сфаќајки зошто…зошто мораше со најновиот свилен фустан да се качува на дрво. И…да го искине. – “КЛИК, клик…клик…” – се обиде низ солзи да го глуми фотографот насочувајќи ги своите прстиња кон мајка си, онака сериозно и строго. Се смееше, а солзите течеа од нејзините сини очи. Мајка и се тресеше од лутина, бес. Помисли дали мајка и` сега знаеше како се чувствувше таа, кога насила ги примаше нејзините наредби за ,,послушно девојче“. Минаа години! Позирањето сакала или не, остана составен дел, на нејзиното однесување и битисување, како завештание од НЕА и сега кога ја нема. КЛИК!

Сподели: