Заедно да ја обновиме традицијата – #ИспратиЧеститка, #ИспратиПодарок преку #ПоштаМКД! – напиша Јани Макрадули, директор на Пошта на Северна Македонија.
 
 

 

 

Пошта на Северна Македонија се обрати до граѓаните со видео, како дел од кампањата за повторно враќање на традицијата за испраќање новогодишни честитки преку пошта кои безбедно ќе стигнат до примателот.

 

 

Макрадули изјави дека имаат идеја да испечатат ретро-честитки за празниците и така да ја обноват основната функција на поштата.

„УО веќе донесе одлука за печатење на честитки со ретро дизајн, како и намалување и усогласување на дел од цените за испраќање новогодишни честитки и пакетчиња/подароци – пишува Макрадули.

Јани Макрадули: Јас веќе почнав да ги пишувам моите честитки, приклучи се и ти на оваа заедничка иницијатива.