Нова сценска приказна за „Три сестри“ во режија на Нела Витошевиќ во МНТ

Сподели:

На 25 септември, со почеток во 20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерата на „Три сестри“, според драмата на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ.

Претставата носи нова сценска адаптација на класичното дело, по текст на Васил Христов и Нела Витошевиќ, со драматургија на Викторија Рангелова-Петровска. Публиката ќе има можност да проследи современо читање на еден од најзначајните драмски класици, исполнето со теми за човечките желби, односите, надежите и потрагата по смисла.

Во претставата играат: Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Верица Недеска, Дамјан Цветановски, Благој Веселинов, Емил Рубен, Ивица Димитријевиќ, Нина Деан и Антонио Ташковски.

Сподели: