Манифестацијата „Бело лето“ ќе го означи почетокот на летната сезона

Сподели

dbfc4a13-77c5-40e7-b865-396dbfbaa198

Со традиционалната, овојпат четврта по ред манифестација „Бело лето“, вечерва ќе биде означен официјалниот почеток на летната сезона во Охрид.

Манифестацијата почнува во 19 часот во предворјето на црквата „Света Софија“, каде концерт ќе одржи „Владимир Василески-Четкар секстет“.

Во 21 часот предвиден е настап на перкусионистичка група „Каранос ватерфол драмс груп“ (KARANOS waterfall drums group) од Воден, Грција, со дефиле од „Света Софија“ до градскиот плоштад Климент Охридски, до плоштадот кај Чинарот и до малиот плоштад кај Долна порта.

На Малиот плоштад од 22 часот почнува организираната диџеј-забава. Во овој дел од програмата предвиден е и настап на жонглерската група „Лед пои“, со најнова технологија на жонглерски реквизити.

Сите угостителски објекти во градот ќе имаат неограничено работно време, за што одлука донесе Советот на Општина Охрид.

meta.mk