2. #standupmaratonec 2019 – Skopje

Сподели

Трет спортско добротворен комичен проект насловен “Stand up maratonec” што ќе ги опфати главните градови на поранешните југословенски републики, каде пионерот на словенечката стендап сцена комичарот, тркач и ултрамаратонец Андреј Тежак Тешки со неговиот локален колега македонскиот актер Никола Тодороски заедно со Никола Силјаноски ќе се обидат да насмеат што повеќе луге на нивниот јазик и да соберат што повеќе пари како донација за поддршка на активностите на децата без родители од Домот 11 Октомври, Скопје, згрижени во малите групни домови.

Првата година Андреј Тешки и неговите колеги тркачи само за 10 дена поминале 600 км и со своите пријатели комичари донеле грст насмевки во 30 словенечки градови.
Во вториот проект посетиле 33 словенечки планински врвови и насмеале планинари во 33 планински домови.

Оваа година трасата е најдолга, Ве покануваме и Вас да ни се придружите од Скопје до Љубљана во патики или да дојдете на претставите и да се насмеете со нас а со Вашата донација во сабота на 25 мај во Јавна соба-Public Room Скопје, ќе ги поддржите активностите на децата без родители од Домот 11 Октомври.

Цена на билет за донации: 300 ден.
Резервации на билети: 075 283 066