Марта е вдомена во топол дом, нежни раце и многу љубов

Сподели:

Работната недела ја започнуваме со една прекрасна вест – преслатката Марта е вдомена! информираат од ЈП Лајка.

Марта е младо куче кое, за жал, на своја кожа ја почувствува суровоста на животот. По пријава од загрижен граѓанин, нашата екипа ја пронајде во навистина ужасна состојба, со тешки повреди на главата.

Благодарение на брзата реакција на нашиот ветеринарен тим, Марта ја доби потребната нега и по долг период на лекување и опоравување, полека почна повторно да верува. Почна да мавта со опашката, да гледа со надеж и да сонува за дом.

Денес, тој сон е реалност. Оваа прекрасна девојка го отвори своето срце токму за Марта и ѝ подари дом, љубов и сигурност каква што секое куче заслужува да има.

Марта конечно ќе ја запознае убавата страна на животот. Топол дом, нежни раце и многу љубов. Ти благодариме што ѝ подари нов почеток и среќен живот.

Среќно, Марта – уживај во секој нов ден!

Сподели: