„МАРТА ВЕРИНА“ во режија на Нина Николиќ во МНТ

Сподели:

„МАРТА ВЕРИНА“, МНТ, 25 декември, со почеток од 20 часот

Автор: Драгана Лукан Николоски
Режисер: Нина Николиќ

МАРТА ВЕРИНА – 35 години – Дарја Ризова
ИВО – 20 години – Григор Јовановски
КИРИЛ – 50 години – Благој Веселинов
ЈАСНА – 45 години – Биљана Драгиќевиќ-Пројковска
КРИСТИНА – 40 години – Амернис Нокшиќи
ВЕСНА – 45 години – Софиа Насевска-Трифуновска
КОСТА – 43 години – Саша Ханџиќ

Сценограф и дизајн на видео: Илина Ангеловска
Костимограф: Ивана Каранфиловска Угуровска
Музика: Оливер Митковски и Андреја Салпе

Извршен продуцент: Симона Угриновска
Ко-продукциски проект помеѓу: РСМ НУ Македонски народен театар и Перипетија продукција

Лектор: Зорица Манаскова Станковиќ
Дизајнер на плакатот: Сара Митова
Фотограф: Дени Ингилизовски
Уредник на програмски каталог: Мила Анѓелковиќ
Лектор на програмски каталог: Тодорка Балова

Технички раководител: Гунтер Кубе
Писателска белешка за „Марта Верина“

Еднаш, Горан Стефановски, на едно предавање, ни кажа дека театарот е искривено огледало на реалноста кое треба да ги потенцира работите кои сакаме да му ги кажеме на светот, а тоа најдобро се прави кога крадеме, од оние кои се подобри писатели од нас и од самиот живот. „Марта Верина“ е драма која секоја своја реплика ја има украдено од стварноста. Ова е драма напишана низ клучалка, ни го покажува животот зад затворената врата, на моменти до непријатност од интимноста со која се соочуваме. Нејзините ликови сите ги познаваме, ги среќаваме секој ден, ги сакаме или ги мразиме, но тие не се црно бели, тие ги имаат сите тонови на спектарот и истовремено се ужасно во право и ужасно грешат. Ова е драма во која ликовите се разголуваат, ги тргаат сите слоеви кои ги имаат создадено за да се заштитат од суровиот свет и ни се покажуваат такви какви што сме сите ние кога ќе собереме доволно храброст да се погледнеме искрено во искривеното огледало кои ги потенцира сите наши маани.
Марта Верина е драма за луѓето, за мажите, за жените и за децата, за тоа како делуваат нашите постапки врз оние кои ни се најблиски. Но, најмногу од сè, ова е драма за љубовта. Инспирирана од поезијата на Ацо Шопов, прави една конекција која ни зборува дека луѓето се секогаш исти, песните напишани пред повеќе од 50 години, стануваат толку свежи и модерни, откривајќи ни ја суштината на овие ликови кои постојат овде и сега, и секаде и секогаш. Со помош на зборовите кои сите ние секојдневно ги слушаме и ги кажуваме, Марта пробува да ни раскаже една приказна за оние работи за кои најчесто немаме зборови, за моментите во животот кога остануваме без текст, бидејќи како што би рекла самата Марта: „Кога луѓето се засакуваат, се отсакуваат и се оставаат, тоа никогаш нема никаква врска со зборови.“
Драгана Лукан Николоски

Времетраење: 80 минути без пауза

Билетите се пуштени во продажба онлајн преку www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.

Сподели: