Алтернатива Македонија Настани

„Медена земја“ прогласен за најдобар документарец за 2019 според NYFCC

Сподели:

 

Организацијата на филмски критичари од Њујорк (New York Film Critics Circle – NYFCC) го избра „Медена земја“ за најдобар документарен филм за 2019 година.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на „Гала вечер“ на 7. јануари во Њујорк.

Според изборот на NYFCC, најдобар филм во 2019 е „Ајришмен“ на Мартин Скорсезе. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на гала-вечер на 7 јануари во Њујорк.

„Медена земја“ минатиот месец освои две награди и на Изборот на критиката за документарци во САД во Њујорк. На режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов им беше доделена награда за најдобар прв документарен филм, а на главната протагонистката во документарецот – Атиџе Муратова ѝ беше врачена наградата за најпривлечен лик во документарец.

„Замислен како владино-спонзорирано информативно видео, овој документарец не е ништо помалку од еп, алегорија за животната средина во реалноста, и не помалку, жестока комедија за вечниот проблем сo незгодните соседи“, стои во описот за документарецот.

 

 

Сподели: