“MEET WATER” Самостојна изложба на Ивана Мојсовска во МКЦ

Сподели

 

На 08.октомври, со почеток од 20 часот, во галеријата на МКЦ, ќе се отвори првата самостојна изложба на Ивана Мојсовска насловена “Meet water”.

Истражувајќи ги природните феномени како основни елементи во уметничкото создавање, Мојсовска, во овие дела ја користи водата како главен и единствен медиум на нејзината сликарска палета.

 

Ивана Мојсовска е родена 1993 година во Скопје, дипломира во 2017 година на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот св. “Кирил и Методиј” – Скопје. Има учествувано на неколку групни изложби во Македонија и Црна Гора, а во 2017 година беше добитник на наградата “Четири мајстори на модернизмот”. Мојсовска со проектот “Meet Water” ги завршува своите постдипломски студии.