Унгарија повторно го одби барањето за екстрадиција на Груевски

Сподели

 

Судот во Унгарија го одби и второто барање за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски кое го поднесе македонското Министерство за правда. Причината е одобрениот азил, пренесува Дојче веле.

Никола Груевски останува во Унгарија откако тамошните власти го одбија и второто барање за негова екстрадиција. Судот во Унгарија во јуни годинава го одби барањето за испорачување на експремиерот кој се бараше за издржување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“. Овојпат, унгарските власти го одбија и новото барање кое беше поврзано со обвинувањето за Груевски за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.

Унгарскиот суд заклучил дека Груевски не може да биде екстрадиран затоа што веќе му е одобрен азил во земјата.