Алтернатива Настани

Меѓународна конференција по повод 100 години од основањето на Филозофскиот факултет

Сподели:

 

Од 2 до 5 септември во Струга ќе се одржи Меѓународната конференција „Науката и општеството: придонесот на хуманистичките и општествените науки“, на која ќе учествуваат 100 учесници од Европа и од Македонија, но поради пречките предизвикани од пандемијата за отвореност на границите, дел од сесиите ќе се одвиваат преку средствата за електронска комуникација.

На конференцијата ќе присуствуваат Претседателот на РС Македонија, Стево Пендаровски, Проф. Д-р Ратко Дуев Декан на Филозофскиот факултет, Ректорот на Универзитетот Кирил и Методиј Проф. Д-р Никола Јанкуловски, Проф. Д-р Елизабета Димитрова – Претседател на Организацискиот одбор на Конференцијата, Филозофски факултет-Скопје, М-р Верица Милевска Стефановска – Комора на РСеверна Македонија за приватно обезбедување,
Проф.Д-р Вера Битракова Грозданова-академик, Македонска академија на науките и уметностите.

На конференцијата ќе се одвиваат панелни дискусии од областа на хуманистичките и општествените науки кои ќе ги водат професори и модератори од државата и од Европските универзитети. 

***

“Филозофскиот факултет е основан во далечната 1920 година, по Првата светска војна и веднаш по завршувањето на големата пандемија на шпанскиот грип, кој однел милиони животи низ светот. Во тешки околности и економска криза предизвикани од војната и пандемијата, со кралски указ на 2 февруари 1920 година во Скопје бил основан Филозофски факултет како автономна установа во рамките на Универзитетот во Белград, со задача да биде столб на денационализација на народот во Македонија како дел од тогашното кралство. Првиот декан на Филозофскиот факултет, д-р Тихомир Остојиќ, распишал конкурс за упис на студенти по историја, филозофија, педагогија, лингвистика и книжевност. Наставата почнала со 35 студенти. Неполна година од формирањето почнале и предавањата, на 21 декември 1920 година, во зградата на познатата османска Идадија – учителската школа, во тогаш југозападната периферија на Скопје. – Филозофскиот факултет е основан во далечната 1920 година, по Првата светска војна и веднаш по завршувањето на големата пандемија на шпанскиот грип, кој однел милиони животи низ светот. Во тешки околности и економска криза предизвикани од војната и пандемијата, со кралски указ на 2 февруари 1920 година во Скопје бил основан Филозофски факултет како автономна установа во рамките на Универзитетот во Белград, со задача да биде столб на денационализација на народот во Македонија како дел од тогашното кралство. Првиот декан на Филозофскиот факултет, д-р Тихомир Остојиќ, распишал конкурс за упис на студенти по историја, филозофија, педагогија, лингвистика и книжевност. Наставата почнала со 35 студенти. Неполна година од формирањето почнале и предавањата, на 21 декември 1920 година, во зградата на познатата османска Идадија – учителската школа, во тогаш југозападната периферија на Скопје, – проф. д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во интервју за факултети.мк.

“Факултетот минал низ многу поголеми предизвици во своето едновековно постоење: војни, кризи, епидемии, земјотреси, поплави и секогаш успевал да продолжи со својата вековна мисија да создава кадри и да ја унапредува науката.” – проф. д-р Ратко Дуев.

 

 

 

 

 

Сподели: