Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ ќе обедини боксери од 15 држави

Сподели:

Шестиот меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ ќе се одржи од 11 до 13 јуни на Градскиот плоштад во Куманово.

Овој престижен спортски настан ќе обедини врвни млади боксери од 15 држави: Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Австрија, Белгија, Германија, Италија, Романија, Бугарија, Казахстан, Турција, Молдавија и Унгарија.

Турнирот претставува значајна можност за промоција на боксот, спортскиот дух, меѓународната соработка и пријателството меѓу младите спортисти од Европа и пошироко.

Организатори на настанот се БК Куманово – 84 и Националната боксерска федерација на Македонија, под покровителство на Општина Куманово и Министерство за спорт.

Сподели: