Меморандум за соработка, помеѓу “Поетска ноќ во Велестово” и “Арт Поинт-Гумно” од Слоештица

Сподели

 

По повод  јубилеите, 35 години Поетска ноќ во Велестово и 20 години Арт Поинт – Гумно, двете одделни манифестации, претставувани од  Славе Ѓорѓо Димоски и Ирена Андреевска, потпишаа Меморандум за соработка.

Документот за официјализирање на досега неформалната соработка помеѓу двете организации, е потпишан во амбиентот на “Арт Поинт ‒ Гумно” во с. Слоештица, Демирхисарско.

Двете асоцијации потврдуваат согласност дека ќе продолжат да соработуваат на проекти за развој на културата, уметноста и книжевноста во руралните средини, како и дека ќе бидат поддршка за младите и за ранливите категории граѓани.

Во име на овој свечен чин, се одржа и камерно поетско читање на кое учествуваа поети од Македонија, Хрватска, Грција и Чешка.

На настанот присуствуваа и фотографите од “Либеречката школа за фотографија”, коишто се на резиденцијален престој во Слоештица.

Веле Митаноски