Месец на филмови од Перу во КИНОТЕКА

Сподели

Овој месец Кинотека на Македонија со гордост го претставува циклусот на современ перуански филм, во организација на Амбасадата на Република Перу, и почесниот Конзулат на Перу во Македонија, и Кинотеката, по прв пат се организара НЕДЕЛА НА ПЕРУАНСКИ ФИЛМ. Програмата започнува во четврток, на 19 јуни, со инаугурациската проекција на „Кралици“ (2024), драма во режија на Клаудија Рејнике и Диего Вега, која го отвора погледот кон женските приказни и општествени предизвици во денешно Перу.

Следниот ден, петок (20 јуни), ќе биде прикажан „Мисион Кипи“ (2024) на режисерката Сонали Туеста – трогателен и инспиративен филм кој ги спојува традицијата и современоста.

Циклусот завршува во сабота, 21 јуни, со „Вкусно сушено овошје“ (2017) на Ана Каридад Санчез – филм што балансира меѓу фикција и документарен пристап, претставувајќи емотивна приказна за идентитетот и културното наследство.

Добредојдовте на филмско патување низ Перу!