Воведното експозе на пратеникот од Левица Амар Мециновиќ по однос на Интерпелацијата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска:
„Отворањето на Министерството за енергетика беше ветувано како Министерство кое конечно ќе даде ред во ова безредие во електроенергетскиот систем во Р. Македонија. Премиерот Мицкоски доаѓа директно од оваа фела. Неговото ветување беше дека со поставување на стручен кадар на чело на првото Министерство за енергетика, ќе се подобрат условите за живот на граѓаните.
Но две години гледаме само одложување на она кое треба да се направи, премолчување за да остане статус квото кој го штити и го охрани овој постојан електроенергетски систем. Две години нашите граѓани тонат во енергетска сиромаштијаа и во енергетска несигурност.
Затоа што ЕСМ, ДПМНЕ како и сите влади предходно, го третираат како еден бунар без дно за богатење на нивните колеги и соработници. Во нашиот електроенергетски систем, сите ризици се презимаат од државните капацитети, додека сите придобивки ги добива директно приватната ЕВН, обвину Мециновиќ.
Вие не само што се криете зад ингеренциите за да не одговорите зошто нашите граѓани живеат олку лошо во поглед на енергетиката, туку вие ги напуштате и основните принципи за кои сте се бореле! Министерката за енергетика требаше до сега да даде резултати, резултатите ги немаме.“


