Мециновиќ: Мајсторе, зголемете ја минималната плата

Сподели:

“Замисли година и пол дена да си на власт, да не зголемиш минимална плата и да дадеш изјава дека барањата на синдикатите се политички”, реагира пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ на својот официјален фб профил.

“Па, политички се, какви да бидат – музички? Биле против Владата. Владата која се тргна настрана во несразмерниот дијалог помеѓу работниците и газдите?

Мајсторе, само зголемете ја минималната плата.

ПС. Денес мнозинството го одби предлогот на Левица за укинување на Регулаторната Комисија за Енергетика. А бе, струја мнозинство”, напиша Мециновиќ.

Сподели: