ВМРО продолжува со лажната кампања и јавниот линч против претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Но, никаде го нема др Жан. Излезе на Алфа ТВ, изнесе лаги за претседателот Филипче и го снема.
Каде е др Жан? Го повика ли Обвинителството? Кампањата со недели трае во медиумите под контрола на ВМРО-Орбан, а нема никаква реакција од Обвинителството.
Кога Жан ќе оди и ќе даде изјава? Прашуваме веќе неколку недели. Никако да добиеме одговор, се наведува во соопштението на СДСМ по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.


