Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Михаел Линхарт: Преговорите со ЕУ треба да почнат во декември

Сподели:

 

Австрискиот сојузен министер за европски и меѓународни работи, Михаел Линхарт, на денешната заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи  Бујар Османи, изјави дека се заложуваат за европска перспектива на земјите од Западен Балкан и повика за итен почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, во декември.

 

 

“Оној што го исклучува Западниот Балкан, ја ослабува Европа. Ние се заложуваме и ќе продолжиме да се заложуваме за тоа уште во декември да почнат преговорите. Тоа е нашето барање, и тоа барање го поставуваме пред нашите партнери во Европската Унија и тоа интензивно. Северна Македонија е типичен пример за кандидат во ЕУ. Затоа Австрија и натаму ќе се заложува за почеток на преговорите со Северна Македонија”, порача  Линхарт.

Министерот Османи истакна дека Австрија е еден од најсилните поддржувачи на интегрирањето на Западен Балкан во Европската Унија.

„Ставот на Виена е дека Европа не е комплетирана без Западниот Балкан да е дел од Европската Унија и ние сме благодарни за тој став. Ова е период што ќе ја детерминира европската иднина на земјата. Се надеваме на одлука за старт на преговорите во декември, но тоа зависи и од тоа дали дотогаш ќе има нова влада во Бугарија“, изјави министерот Османи.

Сподели: