ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови од запад ќе се прошират врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд и ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Преку ноќта врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен северозападен ветер кој долж Повардарието ќе засилува.

 

 

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе се движи од 4 до 11 степени.

Во петок и за време на викендот ќе биде суво и многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.