Министерот Сали ја посети родилката Оксана од Украина во Чаир

Сподели

 

 
Министерот за здравство, Беким Сали денеска ја посети Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Скопје, Чаир, каде ја посети Оксана од Украина.
 
 
 
 
– Оксана од Украина на свет донесе девојче, тешко 3.890 кг и долго 54 см. Таа и новороденчето се во добра состојба, тимот од гинеколози, педијатри и медицинските сестри се грижат за нив и тие се во сигурни раце – изјави министеро Сали, посакувајќи и добро здравје и среќни моменти.
 
Во раговорот со неа, таа информираше дека е задоволна од здравствената услуга и дека одлично се чувствува.