Министерски состанок на ЕУ: Борба против лажните вести и дезинформациите

Сподели

Романија денеска првпат во својата историја претседава со министерски состанок на ЕУ, на чија агендата се дезинформациите и повеќегодишната европска финансиска рамка.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ денеска треба да имаат размена на мислења на тема дезинформациите и како да се координираат напорите на европско ниво пред овој проблем, посебно во пресрет на претстојните избори за Европскиот парламент.

Се очекува денеска министрите да разговараат за неколку клучни точки од оваа област. Приоритет се европските мајски избори и како да се гарантира на најдобар можен начин внатрешната и надворешната борба против лажните вести и дезинформациите. Министрите ќе ги разгледуваат можностите за зголемување на напорите за сензибилизација на јавноста за овој феномен.