Вести Изјави Македонија

Мисајловски: Да не биде политичарот Венко, туку да биде министер за здравство

Сподели:

 

Одговори на новинарски прашања на Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Кој е вашиот став што треба да се направи во однос на спорот со Бугарија за Гоце Делчев и јазикот?

Одговор: Видете во овој период треба силна дипломатска офанзива. Треба државата, власта, владата која впрочем доби доверба за да ги штити македонските национални интереси, тоа да го прави, а не како што сега гледаме. Значи оваа власт наместо да се крие зад ваквите прашања треба да излезе и да го каже ова јавно, дали Гоце Делчев е Македонец, дали македонскиот јазик е македонски јазик. За нас за ова нема дилема. Но, прашањето ви е добро. Затоа не само опозицијата, не само власта, туку сите политички парии треба да се сплотиме за овие национални интереси, да изградиме национален став и затоа е потребно лидерска средба. Ако ние сме сложни во државата, ќе бидеме сложни на секаде за вакви прашања, и тоа е прво и основно што треба да го направи оваа власт, а не само да се препукува со опозицијата бидејќи знаете има прашања кои се многу поважни од политика, а тоа е идентитетот на Македонецот и се разбира идентитетот на оваа држава.

Прашање:  Се поизвесно е дека Македонија ќе добие вето од Бугарија за почетокот на преговорите со ЕУ. Тоа вчера го најави и Каракачанов. Кои треба да бидат следните чекори на државата?

Одговор: Прашањето е во ист контекст како и претходното прашање. Затоа ќе кажам да почекаме што ќе се случи, но шансата на оваа власт е сега да се сплоти со сите политички партии и да пружи рака за вакви прашања. Не да се пазари. Не повторно да се прави трговија со Гоце Делчев, со Македонците, со револуционерите,  со македонскиот јазик итн. Впрочем, македонскиот јазик никогаш не треба да биде ставен во ниту една равенка за преговори, ниту пак сите револуционери. Затоа пак ќе повторам, дипломатска офанзива за она што е македонско, за она што значи да се биде македонска нација. Имаат шанса владата тоа да го направи, но гледаме веќе подолго време не излегуваат на ниту еден прес да кажат, ниту пак нешто да направат. Затоа нека се освестат, ова не се нивни лични работи, сепак се работи за државата.

Прашање: Дали има приближување на ставови за Законот за заштита на населението и кога може да се очекува усвојување на предлогот?

Одговор: Јас морам да разјаснам околу овој закон бидејќи знаете дека по доставување на овој закон излегоа доста прашања, доста наслови во медиумите дека ВМРО-ДПМНЕ нешто кочи. Сакам да ги известам пред се граѓаните дека во овој закон воопшто не се споменуваат било какви мерки. Во овој закон кој што е доставен до собранието единствено околу да не речам преку 95 проценти во законот е која инспекција да казнува. Значи во законот моментално само се дава надлежност на инспекциите да казнуваат.

Ние предложивме решение. Ние предложивме една нова комисија, здравствена комисија која ќе биде навистина професионална. Ние не бараме од ВМРО-ДПМНЕ ние да ги предлагаме, бараме најдобрите луѓе во оваа држава да бидат во таа комисија, бидејќи знаете дека таа комисија е составена кога секој министер за здравство ќе дојде на неговото столче и ќе оформи една комисија за заразни болести. Не ние бараме специјална комисија која ќе биде се разбира нека бидат овие луѓе но ако работат непартиски, но и сите оние што се квалитетни. Нека дојдат во оваа комисија пред се, се работи за доброто на државата, се разбира ние пробуваме да бидеме коректив на власта но кога се работи за граѓаните ние секогаш ќе бидеме на нивна страна, и се разбира доколку власта има потреба од ВМРО-ДПМНЕ ние сме секогаш тука, се разбира за вакви прашања.

Прашање:  Со оглед на лошата состојба со пандемијата неколку пати баравте оставка од Филипче, кога ќе има нешто конкретно од опозицијата како интерпелација или слично?

Одговор: Видете во овој период најважно е здравствените власти да се посветат целосно на решавање на ова што ни се случува, јас би го нарекол овој хаос што ни се случува, вие знаете дека во минатото токму овој господин Филипче велеше дека отприлика ќе има 2000 заразени во текот на целата пандемија, што сега ги гледаме дека се многу повеќе на неделно ниво. Јас ќе апелирам до него да не биде политичарот Венко, туку да биде оној што треба да биде а тоа е министер за здравство, да помогне на сите граѓани, а интерпелација и негова оставка тоа треба сам да си го поднесе, тоа тој морално треба да го направи, но гледам дека повеќе сака да биде политичар повеќе сака да ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, а зад кулисите пак бара помош од ВМРО-ДПМНЕ, ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе помогнеме на било кој политичар ако навистина мисли за здравјето на граѓаните.

Доста е со политиканство за секоја тема ова го кажувам јас лично како мое мислење но нека се опаметат сите тие дека за ова прашање не треба да прават политиканство. И со овакви злонамерни изјави дека ВМРО-ДПМНЕ кочи, се разбира дека треба да мисли на негова оставка.

Прашања: Како ја коментирате одлуката на Дурловски да ја напушти пратеничката функција, дали има недоразбирање со раководството за одредени прашања?

Одговор: Апсолутно тоа е негова лична одлука и се разбира ние ќе ја почитуваме, и по неговото известување до нас,  и по неговата комуникација до нас и до пратениците, тој останува посветен на ВМРО-ДПМНЕ, останува посветен на каузата која се нарекува Македонија, ние му благодариме за се што правеше и направи во изминатиот период, но познавајќи го Игор секогаш ќе се бори за Македонија, останува се разбира нашето пријателство, тој е сепак и стратешки соработник на претседателот Христијан Мицкоски, и се разбира Игор е еден од нас. Така да сепак ќе ја почитуваме неговата одлука.

 

Сподели: