Над 200 уметници на сцената за „Кармина Бурана“ во Градски парк

Сподели:

Оркестарот на македонската Филхармонија на 20 јуни, со почеток во 21 часот, во Градскиот парк ќе ја изведе монументалната музичко-сценска кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Со овој спектакуларен настан ќе биде заокружена концертната сезона „Без Филтер“.

Покрај оркестарот на Филхармонија, во проектот учествуваат и музичари од Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, хорот на МОБ, детскиот хор „Пиколо“, како и хорот на Музичкото училиште од Солун.

Со изведбата ќе диригира маестро Најден Тодоров од Бугарија, кој е иницијатор на овој меѓународен проект. По успешните реализации во Софија и Солун, „Кармина Бурана“ ќе биде претставена и пред скопската публика.

Како солисти ќе настапат сопранистката Ана Дурловски, тенорот Николас Спанос од Грција и баритонот Иво Јорданов од Бугарија.

Сподели: