Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски во гостување на „Канал 5“.
– Ние никогаш не сме ветиле и никогаш не сме кажале дека македонски граѓани ќе одат. Македонски војници на украинско тло нема да има. Ние веруваме да има мировен договор, тоа е нашиот став, но посочи дека Македонија разгледува можности за вклучување во меѓународни иницијативи преку трипартитни договори, со кои би донирала одредена опрема, а за возврат би добила поддршка преку соодветни фондови. Како што нагласи, за ова веќе било разговарано и со украинскиот претседател Володимир Зеленски – изјави министерот Мисајловски.
На прашањето дали Македонија како членка на НАТО, би можела да одбие евентуално барање за испраќање војници, Мисајловски рече дека таква обврска не произлегува од членството во Алијансата.
– Ова не е обврска што произлегува од НАТО. Нема таква обврска. Станува збор за иницијатива на големите сили на Европа, Франција, Германија и Обединетото Кралство, каде што се обидуваат како да придонесат повеќе за Европа и Украина, изјави министерот за одбрана, Владо Мисајловски.


