Тони Михајловски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово

Сподели

 

ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Централниот Комитет усвои нови кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Главната карактеристика е што огромно мнозинство се млади, некомпромитирани и нови имиња кои ќе внесат нова енергија, жар и ентузијазам за повеќе работи и многу успеси во развојот на општините, изјави на денешната прес-конференција Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Ова се кандидатите кои ќе ја сочинуваат новата генерација на луѓе кои ќе настапат на политичката сцена и ќе го креираат развојот на општините во нашата земја. Изборот е помеѓу стари, компромитирани кадри на власта, и нови луѓе, кои носат свежина и компетентност за големи чекори напред за сите луѓе во Македонија.

Овие луѓе ќе ја направат разликата од се’ до сега што е актуелно присутно од власта. Одговорност, наспроти мрзеливост, чесност наспроти корупција. Одиме на победа за нови успеси на општините.

1. Победата во Ѓорче Петров ќе ја издвојува доктор Александар Стојковски. Стојковски е доктор – радиолог на Универзитетската клиника за радиологија. Долгогодишен член на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров и активист од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешен Пратеник во Собранието и член на Советот на Општина Ѓорче Петров. Неговата љубов е спорт, планинарењето и велосипедизам. Тој е сопруг и татко на два сина. Човек со невиден ентузијазам, желба за создавање и љубов кон Ѓорче Петров. За промени, за решавање на проблеми, за нов лик на Ѓорче Петров.

2. Кандидат за градоначалник на Куманово е признатиот актер Тони Михајловски. 

Роден во Куманово, а признат македонски театарски,  филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија  и стоечки  комичар. Тој е сопруг и татко на два сина. Добитник на бројни признанија од светот на уметноста, како наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „Јоаким ИнтерФест“ во Србија. Во 2012 година добил Повелба за странски актери на 47-от фестивал „Филмски средби“ во Ниш. Во македонската филмографија и драмски уметности може да се пофали со стотици драмски изведби на познати дела, како и домашни и странски филмови и телевизиски серии во кои има земено улога. По долгогодишно членство во општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, во 2018-та година Михајловски стана член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

3. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општината Бутел е Дарко Костовски. Роден бутелчанец, оженет и татко на едно дете. Дипломира на факултетот за политички науки „Јустинијан први“, а магистрира менаџмент на човечки ресурси. Тој е пратеник, и воедно Костовски исто така е селектор и тренер на македонската Таеквондо репрезентација која постигна на овие олимписки игри во Токио историски резултат. Сигурен сум во победа на Костовски, зошто знаеме колку се залага и бори за неговиот Бутел.

4. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Македонски Брод е Жарко Ристески. Магистрира на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Своето работно искуство го започнал во 2002 година во Министерството за труд и социјална политика во подрачната единица Македонски Брод. Од 2015-2017 е член на Државниот совет за превенција на детско престапништво. Тој е член на советот на општина Македонски Брод, а во период од 2008-2009 е и претседател на истиот. Жарко Ристески е оженет, татко на две деца.

5. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Свети Николе е Дејан Владев, димпломиран правник на Факултетот за правни науки во Скопје. Работи како Виш соработник за активни мерки и политики во Центарот за вработување во Свети Николе, човек со јасна визија за развој, со конкретен план за посигурен и подобар живот на Свети Николе.

6. Кандидат за градоначалник на Македонска Каменица е Димчо Атанасовски. Оженет и татко на 3 деца. Високото образование го завршил во Факултетот за музички уметности во Скопје. Респектиран и високо ценет жител на Македонска Каменица, работи во училиштето ,Св. Кирил и Методиј, на овие избори настапува со конкретен план за развој и решавања на клучните проблеми на Македонска Каменица.

7. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Берово е Елеонора Рашковска која потекнува од старо беровско занаетчиско семејство. Сопруга и мајка на ќерка и син. Магистрира на Факултетот за Труд и Социјална политика. Работи како раководител на Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Берово. Жена со голема енергија и љубов за промени во Берово.

8. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Чашка е  Зоран Здравевски. Тој е семеен човек, сопруг и татко на две ќерки. Стопанственик. Човек кој потекнува од Чашка и ќе се грижи за напредокот на Чашка.

9. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Градско е Киро Нацков.  Дипломирал на Филозофскиот факултет на институтот за историја. Работи како професор по историја, а бил и член на Советот на Општина Градско.

10. Кандидат за градоначалник на Пробиштип е Доктор Маријан Миленковски. Респектиран во својата средина, бил одговорен на Итна медицинска помош при Здравствениот Дом Пробиштип, а за време на најголемата криза со корона вирусот работи како доктор во ковид центарот при ЈЗУ Универзитетски клиники „Мајка Тереза„ во Скопје. Верувам дека Миленковски ќе даде се од себе за развој и напредок на Пробиштип.

11. Кандидат за градоначалник за Виница е Миле Петков. Тој е оженет, сопруг и татко на две деца. Петков е дипломиран геодетски инженер. Во текот на 29-годишното работно искуство има учествувано и дадено значаен придонес во:  Востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижностите и катастарот на инфраструктурни објекти за Општина Виница, Општина Кочани и Општина Берово.

12. Кандидат за градоначалник на Општина Пехчево е Александар Китански. Тој е дипломиран доктор по ветеринарна медицина и работи како доктор по ветеринарна медицина од 2011 до денес. Исклучителен карактер кому најважен му е развојот на Пехчево и создавањето на перспектива на граѓаните на Пехчево.

13. Кандидат за градоначалник на Општина Лозово е Бошко Цветковски.  Магистер по правни науки кој живее  создава во неговото Лозово.

14. Во Карбинци одиме на победа со Виктор Паунов. Оженет и cемеен човек, татко на 2 деца. Тој е магистер, и е вработен во приватна германска  компанија која се занимава со организација на транспорт и логистика.

15.Во Чешиново – Облешево кандидат за градоначалник е Далибор Ангелов кој е дипломиран земјоделски инженер –агроном. Има успешно поминати обуки и доусовршувања во рамки на областа на земјоделието, како и од областа на европските интеграциски процеси, водење на локални финансии, како и обуки за успешно водење на инспекциските процеси во земјоделството. Тој е и член на Советот на Општината.

16. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Зелениково е Коста Маневски. Потекнува од скромно и чесно семејство. Живее во Станица Зелениково. Оженет е и татко на три деца. Бил претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Зелениково. Потоа бил и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Зелениково.

17. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Демир Хисар е Никола Најдовски. Магистер по Хемија, вработен како наставник по хемија во Демир Хиосар. Човек кој ги знае проблемите и ќе понуди решенија за Демир Хисар.

18. Кандидат за градоначалник на Општина Маврово Ростуше е доктор Мевдед Џафери. Мевмед Џафери доаѓа од Скудриње оженет, татко на две деца.Тој завршува медицински факултет, при што специјализира на Клиниката за педијатрија  при факултетот Кирил и Методиј Скопје. Во моментов работи како педијатар во здравстевниот дом во Ростуше. Човек со кредибилитет и знаење кој е подготвен да го вложи во развојот на Маврово Ростуше.

19. Победата во Охрид ќе ја донесе Кирил Пецаков. Пецаков е актуелен пратеник, со завршен Стоматолошкиот факултет, специјалист по детска и превентивна стоматологија. Претходно Член на Советот на општина Охрид во два мандати. Млад, но респектиран охриганец, кој се бори и во собранието и во рамките на партијата Охрид да го добие заслуженото место. Пецаков е вреден и искрен човек во кој верувам дека ќе донесе обнова за Охрид.