Денеска портпаролката на Владата, Марија Митева пред јавноста ги презентираше резултатите од реализацијата на програмата за одбележување на 35-годишнината од независноста на Македонија.
“Денеска пред нас е извештајот доставен од компанијата која беше задолжена за реализација на проектот. Станува збор за документ на 81 страница, во кој детално се образложени програмската концепција, организацијата, продукциските стандарди, ангажираните уметници и соработници, техничките и логистичките аспекти, како и финансиската структура на реализираните активности, изјави Митева и додаде дека како Влада сметаат дека јавноста заслужува да има целосен увид во тоа што беше реализирано и како се распределени финансиските средства.
18 настани низ 13 градови низ Македонија. Во деталниот извештај има распоред на реализираните настани. Ова е податок кој најдобро го илустрира националниот опфат на манифестацијата. Особено важно е што концептот не се потпираше исклучиво на големи меѓународни имиња. Напротив, една од неговите основни определби беше македонските уметници да имаат централно место во одбележувањето на независноста.
Ќе започнеме со „Силно светнал ден“ – национален музичко-сценски караван, eден од најзначајните и најобемните сегменти на програмата беше националниот музичко-сценски проект „Силно светнал ден“.
Станува збор за проект кој по својата концепција, уметнички состав и организациски опфат претставуваше посебна програмска целина во рамките на одбележувањето. Проектот беше конципиран како национален музички караван кој помина низ 11 градови: Охрид, Битола, Велес, Крушево, Куманово, Штип, Прилеп, Кичево, Кавадарци, Пробиштип и Скопје. Во оваа реализација беа ангажирани 41 македонски вокален изведувач, 20 професионални танчери, актери, како и оркестар составен од15 музичари.
Еден од впечатливите елементи беше употребата на ЛЕД-подот, со кој сценската површина стана активен дел од визуелниот наратив на програмата. Проектот беше реализиран во копродукција со ОХО продукција, реномирана македонска продукциска куќа, препознатлива по реализацијата на проекти кои комбинираат образовни, културни и општествено значајни содржини.

Со „Силно светнал ден“ македонската музика и македонските уметници беа во средиштето на одбележувањето. Тоа беше суштинска определба на програмата.
Продолжуваме понатаму, José Carreras и Macedonian All Stars – македонската музика на иста сцена со светската. Вториот голем програмски сегмент кој беше токму овој настан кој што беше одржан на 1 септември. Концептот беше поставен врз јасна основа: македонската музика да не биде придружен или спореден дел од голем меѓународен концерт, туку рамноправен носител на програмата.
Во оваа програма, можеме да забележиме дека беше поделена на две главни целини.
Првиот дел беше посветен на македонските уметници, со настап на десет домашни изведувачи. На тој начин беше создаден простор за афирмација на македонското музичко творештво. Вториот дел беше посветен на настапот на светски познатиот тенор José Carreras, со придружба на Македонската филхармонија, под диригентската палка на David Giménez.
Вклучувањето на Македонската филхармонија имаше посебна уметничка и институционална тежина. Нашите професионални музички капацитети беа составен и суштински дел од реализацијата на овој проект. Оттука и концертот имаше придонес кој го надминува самиот музички настан, претставувајќи значаен дел од културната програма на јубилејот.
Паралелно со овие два значајни проекта, програмата опфати и низа други концертни настани, со што се обезбеди разновидност во жанровите и можност различни генерации публика да бидат дел од одбележувањето. Манифестацијата беше отворена со настапот на светски познатиот музички продуцент и диџеј Steve Aoki, со што уште на самиот почеток беше најавен современиот, интернационален и продукциски амбициозен карактер на програмата. Во рамките на програмскиот концепт „Најдоброто од Македонија“ беа организирани три концерти во три града – Струмица, Скопје и Тетово.
Во рамките на овие музички содржини настапија едни од најпознатите и најзначајните имиња на македонската музичка сцена: Мизар, Синтезис и Меморија, Суперхикс, Слаткаристика, Два Бона, Фанк Шуи, Дина Јашари, Каролина Гочева и Елита 5.
Од традиционални и етно музички влијанија, преку рок и алтернативна сцена, до современи урбани и популарни музички изрази.
Продолжуваме во меѓународниот сегмент каде што беа реализирани и настапите на светски познатите артисти Paul van Dyk и Paul Oakenfold во Струмица. Со нивното вклучување се прошири и меѓународниот опфат на програмата, а истовремено се потврди и определбата големи музички настани да се реализираат и надвор од Скопје.
Стигнуваме до 8 Септември – David Guetta, The Monolith Show. Централниот концертен спектакл беше реализиран на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Настанот претставуваше еден од технички најсложените и продукциски најобемните настани во рамките на целата програма.
Според доставениот извештај, настанот опфати публика од околу 50.000 посетители.
The Monolith Show е продукција од светски ранг, која подразбира значително повисоко ниво на сценска организација, технички капацитети, координација и инфраструктурна подготовка. Концертот беше реализиран со импозантна сценска конструкција, ЛЕД-екран со должина од 32 метри, масивен светлосен систем, голем број светлосни тела, ласерски ефекти и врвна концертна аудио продукција. Станува збор за продукција која бара интегрирано планирање и усогласување на сценските, електроенергетските, аудиовизуелните, логистичките и безбедносните компоненти.
Овде сакам да ставиме и посебен акцент на организациски предизвик кој што го имавме, а тоа е фактот што концертот се одржа на националниот стадион. Токму затоа еден од приоритетите во техничката подготовка беше заштитата на тревната површина на арената, како значаен дел од националната спортска инфраструктура. За таа цел беше применет специјализиран систем од тешко товарни заштитни панели, наменети за стадиони и големи арени.
Вредноста на програмата се согледува преку повеќе аспекти. Пред сè, преку националниот опфат од 18 настани во 13 градови, со што се обезбеди широко територијално присуство на програмата. Потоа, преку непосредното вклучување на голем број македонски уметници, музичари, танчери, актери, технички професионалци и продукциски соработници. Преку реализацијата на настани со високи продукциски и безбедносни барања.
Преку бесплатниот пристап за граѓаните, со што програмата доби изразен јавен карактер и овозможи широко учество во одбележувањето. Преку поврзувањето на македонското творештво со меѓународно признати уметници и продукции. И конечно, преку создавањето културна и аудиовизуелна содржина која останува како трајно сведоштво за одбележувањето на 35 години независност.
Стигнуваме до финансиски извештај – односно распределбата на средствата.Сметаме дека е особено важно јавноста да добие прецизни и јасни информации. Реализацијата на програма со ваков обем подразбира значителни организациски, продукциски, технички и логистички ресурси. Финансиската структура треба да се разгледува во контекст на целокупната програма, односно сите 18 реализирани настани, нивната продукциска сложеност, бројот на ангажирани уметници и соработници, како и потребната инфраструктура за нивна реализација.
Согласно доставениот извештај, финансиските средства се прикажани во пет основни категории.
Првата категорија се хонорарите за артисти и изведувачи. Оваа категорија се однесува на уметничкиот сегмент на програмата и ангажманите на артистите и изведувачите за кои се прикажани вкупно129.307.500 денари.
Втората категорија е продукцијата, за која се прикажани 96.272.512 денари. Тука се опфатени продукциските потреби за реализација на програмата. За да се разбере обемот на овој сегмент, неопходно е да се има предвид дека станува збор за настани со различни сценски формати.
Третата категорија се логистичките трошоци. Организацијата на национална програма во 13 градови подразбира координација на бројни оперативни активности, транспорт, организациска и техничка поддршка и останати логистички потреби. И овде се прикажани 58.527.037 денари.
Четвртата категорија е маркетингот, со прикажана вредност од 2.832.450 денари.
И петтата категорија се хонорарите за соработниците, за кои се прикажани 53.570.250 денари.
Односно вкупната вредност на сите пет категории изнесува: 340.509.749 денари.
35 години независност на Македонија беа повод да се организира ваква програма која ги поврзува различните генерации, градови, уметници, но и музички традиции.
За нас достоинствено одбележување на националните јубилеј подразбира истовремено почитување на историјата, афирмирање на националната култура, отворање простор за современ уметнички израз и одговорност за користењето на јавните средства.
Денеска пред јавноста ги презентираме резултатите од реализацијата на програмата за одбележување на 35-годишнината од независноста на Македонија, ќе ги презентираме резултатите од реализацијата кој оваа година беше одбележан преку обемна, содржински разновидна и продукциски исклучително комплексна национална програма.
Пред нас е извештајот доставен од компанијата која беше задолжена за реализација на проектот. Станува збор за документ на 81 страница, во кој детално се образложени програмската концепција, организацијата, продукциските стандарди, ангажираните уметници и соработници, техничките и логистичките аспекти, како и финансиската структура на реализираните активности.
Како Влада сметаме дека јавноста заслужува да има целосен увид во тоа што беше реализирано, кој беше концептот врз кој се темелеше програмата, каква беше нејзината национална и културна вредности, секако, како се распределени финансиските средства.
Во таа насока беше поставена и целокупната програмска концепција.
18 настани низ 13 градови низ Македонија
Во деталниот извештај има распоред на реализираните настани. Секој од нив е поединечно обработен во извештајот, со објаснување на концептот, содржината, ангажираните капацитети и неговото место во целокупната програма.
Ова е податок кој најдобро го илустрира националниот опфат на манифестацијата.
Особено важно е што концептот не се потпираше исклучиво на големи меѓународни имиња. Напротив, една од неговите основни определби беше македонските уметници да имаат централно место во одбележувањето на независноста.
Ќе започнеме со „Силно светнал ден“ – национален музичко-сценски караван
Еден од најзначајните и најобемните сегменти на програмата беше националниот музичко-сценски проект „Силно светнал ден“.
Станува збор за проект кој по својата концепција, уметнички состав и организациски опфат претставуваше посебна програмска целина во рамките на одбележувањето. Основната идеја беше преку музика, сценски израз и современа визуелна продукција да се претстави патувањето низ изминатите 35 години независност. Да се поврзат различните генерации кои ја живееле и ја создавале современата македонска државност, музиката која го одбележала тој период и уметниците кои оставиле белег во нашата културна историја.
Проектот беше конципиран како национален музички караван кој помина низ 11 градови: Охрид, Битола, Велес, Крушево, Куманово, Штип, Прилеп, Кичево, Кавадарци, Пробиштип и Скопје.
Во оваа реализација беа ангажирани 41 македонски вокален изведувач, 20 професионални танчери, актери, како и оркестар составен од15 музичари.
Тоа значи дека на сцената беше обединет значителен дел од македонскиот музички и сценски потенцијал, преку програма која бараше координација на голем број уметници, технички екипи и организациски капацитети. Проектот беше реализиран според високи продукциски и технички стандарди, со комплексна сценска инфраструктура, современа аудиовизуелна опрема и внимателно разработена визуелна концепција.
Еден од впечатливите елементи беше употребата на ЛЕД-подот, со кој сценската површина стана активен дел од визуелниот наратив на програмата.
Проектот беше реализиран во копродукција со ОХО продукција, реномирана македонска продукциска куќа, препознатлива по реализацијата на проекти кои комбинираат образовни, културни и општествено значајни содржини.
Со „Силно светнал ден“ македонската музика и македонските уметници беа во средиштето на одбележувањето. Тоа беше суштинска определба на програмата.
Продолжуваме понатаму, José Carreras и Macedonian All Stars – македонската музика на иста сцена со светската.
Вториот голем програмски сегмент кој беше токму овој настан кој што беше одржан на 1 септември.
Концептот беше поставен врз јасна основа: македонската музика да не биде придружен или спореден дел од голем меѓународен концерт, туку рамноправен носител на програмата.
Во оваа програма, можеме да забележиме дека беше поделена на две главни целини.
Првиот дел беше посветен на македонските уметници, со настап на десет домашни изведувачи. На тој начин беше создаден простор за афирмација на македонското музичко творештво. Вториот дел беше посветен на настапот на светски познатиот тенор José Carreras, со придружба на Македонската филхармонија, под диригентската палка на David Giménez.
Вклучувањето на Македонската филхармонија имаше посебна уметничка и институционална тежина. Нашите професионални музички капацитети беа составен и суштински дел од реализацијата на овој проект. Оттука и концертот имаше придонес кој го надминува самиот музички настан, претставувајќи значаен дел од културната програма на јубилејот.
Ќе продолжиме со музичка разновидност, меѓународни имиња и македонски изведувачи
Паралелно со овие два значајни проекта, програмата опфати и низа други концертни настани, со што се обезбеди разновидност во жанровите и можност различни генерации публика да бидат дел од одбележувањето.
Манифестацијата беше отворена со настапот на светски познатиот музички продуцент и диџеј Steve Aoki, со што уште на самиот почеток беше најавен современиот, интернационален и продукциски амбициозен карактер на програмата.
Во рамките на програмскиот концепт „Најдоброто од Македонија“ беа организирани три концерти во три града – Струмица, Скопје и Тетово.
Во рамките на овие музички содржини настапија едни од најпознатите и најзначајните имиња на македонската музичка сцена: Мизар, Синтезис и Меморија, Суперхикс, Слаткаристика, Два Бона, Фанк Шуи, Дина Јашари, Каролина Гочева и Елита 5.
Од традиционални и етно музички влијанија, преку рок и алтернативна сцена, до современи урбани и популарни музички изрази.
Продолжуваме во меѓународниот сегмент каде што беа реализирани и настапите на светски познатите артисти Paul van Dyk и Paul Oakenfold во Струмица. Со нивното вклучување се прошири и меѓународниот опфат на програмата, а истовремено се потврди и определбата големи музички настани да се реализираат и надвор од Скопје.
Стигнуваме до 8 Септември – David Guetta, The Monolith Show
Централниот концертен спектакл беше реализиран на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Настанот претставуваше еден од технички најсложените и продукциски најобемните настани во рамките на целата програма.
Според доставениот извештај, настанот опфати публика од околу 50.000 посетители.
Оваа бројка сама по себе говори за интересот и обемот на организацијата, но вистинските размери на проектот се согледуваат преку техничката, продукциската и безбедносната подготовка потребна за реализација на концерт од ваков формат.
The Monolith Show е продукција од светски ранг, која подразбира значително повисоко ниво на сценска организација, технички капацитети, координација и инфраструктурна подготовка. Концертот беше реализиран со импозантна сценска конструкција, ЛЕД-екран со должина од 32 метри, масивен светлосен систем, голем број светлосни тела, ласерски ефекти и врвна концертна аудио продукција. Станува збор за продукција која бара интегрирано планирање и усогласување на сценските, електроенергетските, аудиовизуелните, логистичките и безбедносните компоненти.
Овде сакам да ставиме и посебен акцент на организациски предизвик кој што го имавме, а тоа е фактот што концертот се одржа на националниот стадион. Токму затоа еден од приоритетите во техничката подготовка беше заштитата на тревната површина на арената, како значаен дел од националната спортска инфраструктура. За таа цел беше применет специјализиран систем од тешко товарни заштитни панели, наменети за стадиони и големи арени.
Ова го истакнуваме затоа што организацијата на настан од ваков формат не се оценува исклучиво преку имињата на артистите или бројот на посетители. Таа се оценува и преку капацитетот да се испланира, технички да се подготви и безбедно да се реализира проект со големи продукциски и инфраструктурни барања.
Кога доаѓаме до резултати и општествено значење на програмата неопходно е да се погледне целината, а не само поединечните концерти. Вредноста на програмата се согледува преку повеќе аспекти. Пред сè, преку националниот опфат од 18 настани во 13 градови, со што се обезбеди широко територијално присуство на програмата. Потоа, преку непосредното вклучување на голем број македонски уметници, музичари, танчери, актери, технички професионалци и продукциски соработници. Преку реализацијата на настани со високи продукциски и безбедносни барања.
Преку бесплатниот пристап за граѓаните, со што програмата доби изразен јавен карактер и овозможи широко учество во одбележувањето. Преку поврзувањето на македонското творештво со меѓународно признати уметници и продукции. И конечно, преку создавањето културна и аудиовизуелна содржина која останува како трајно сведоштво за одбележувањето на 35 години независност.
Стигнуваме до финансиски извештај – односно распределбата на средствата
Сметаме дека е особено важно јавноста да добие прецизни и јасни информации. Реализацијата на програма со ваков обем подразбира значителни организациски, продукциски, технички и логистички ресурси.
Финансиската структура треба да се разгледува во контекст на целокупната програма, односно сите 18 реализирани настани, нивната продукциска сложеност, бројот на ангажирани уметници и соработници, како и потребната инфраструктура за нивна реализација.
Согласно доставениот извештај, финансиските средства се прикажани во пет основни категории.
Првата категорија се хонорарите за артисти и изведувачи.
Оваа категорија се однесува на уметничкиот сегмент на програмата и ангажманите на артистите и изведувачите за кои се прикажани вкупно129.307.500 денари.
Втората категорија е продукцијата, за која се прикажани 96.272.512 денари.
Тука се опфатени продукциските потреби за реализација на програмата. За да се разбере обемот на овој сегмент, неопходно е да се има предвид дека станува збор за настани со различни сценски формати.
Третата категорија се логистичките трошоци. Организацијата на национална програма во 13 градови подразбира координација на бројни оперативни активности, транспорт, организациска и техничка поддршка и останати логистички потреби. И овде се прикажани 58.527.037 денари.
Четвртата категорија е маркетингот, со прикажана вредност од 2.832.450 денари.
И петтата категорија се хонорарите за соработниците, за кои се прикажани 53.570.250 денари.
Односно вкупната вредност на сите пет категории изнесува: 340.509.749 денари.
Почитувани граѓани,
Почитувани медиуми,
35 години независност на Македонија беа повод да се организира ваква програма која ги поврзува различните генерации, градови, уметници, но и музички традиции.
За нас достоинствено одбележување на националните јубилеј подразбира истовремено почитување на историјата, афирмирање на националната култура, отворање простор за современ уметнички израз и одговорност за користењето на јавните средства.
Ви благодарам на сите за вниманието, цениме дека ваква детална презентација е во интерес на јавноста”,додаде Митева.


