Вести Македонија Став Ударни вести

Мицкоски: Груевски веќе нема да биде почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели:

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата Отворено, потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ бара правда и владеење на правото, почитување на законите додавајќи дека секој кој што се огрешил пред законот мора да одговора соодветно пред органите на прогонот

Нашата заложба е безусловно почитување на законите и Уставот и ние ги охрабруваме органите на прогон, правосудството во државата да расчисти со криминалот, но не само да расчисти со криминалот за оние луѓе за кои постои сомнение дека сториле криминалот од 2008 до 2015. Да се расчисти и после 2015, но и пред 2008. Да се расчисти и да нема стареење за дела каде што постои сомневање за сторен криминал, секој што се огрешил пред законот да си одговара и осрамотил пред граѓаните, без разлика на тоа дали бил премиер, министер, директор или лидер на опозиција, дали бил припадник на една или друга политичка партија, кажа Мицкоски.

Мицкоски истакна дека според законот за обвинителство во секој момент може јавното обвинителство да започне одредена постапка доколку има индиции за сторено кривично дело и доколку има докази од истрагата тогаш да се покрене обвинение кое на крај ќе резултира со ослободителна или осудителна пресуда.

Никој не го спречува сите тие истраги, предистраги да ги однесе до државното јавно обвинителство и доколку државното јавно обвинителство констатира дека има индиции за сторен криминал да отпочне постапка, доколку таа постапка доведе до докази до тој сторен криминал да покрене обвинение, па потоа да има судски процес и на крајот тој судски процес да заврши со ослободителна или осудителна пресуда, посочи Мицкоски.

Никола Груевски веќе нема да биде почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, оти партијата го укинува тој статус. Но, тоа не значи дека се оградуваат од Никола Груевски, вели Мицкоски. Освен таа функција, се укинуваат и уште неколку други места во партијата.

На прашањето дали е обид за дистанцирање од тие политики, Мицкоски изјави дека новиот статут е резултат на реформите во партијата. Мицкоски вели дека не е точна констатацијата дека поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта се уште ја командува партијата.

 

Сподели: