Мицкоски и ВМРО ги сметаат граѓаните за „талог“, а државните симболи „инсталација“ за тендери

Сподели:

На официјална државна прослава по повод 35 години независност, платена со милиони евра народни пари, Владата на Мицкоски го згреши македонското знаме. Тоа е сликата за односот на оваа власт кон граѓаните и кон Македонија.

Кон граѓаните се однесуваат како кон „талог“, а кон државните симболи како кон „инсталација“ за тендери и провизии.

Наместо извинување, наместо одговорност, наместо да кажат кој го изработил погрешното знаме и колку народни пари се потрошени, власта се обиде да го оправда срамот. Тоа е истиот модел на владеење што го гледаме две години: поделби за да се сокрие неспособноста, навреди за да се избегне одговорноста и лажен патриотизам за да се покријат криминалните тендери и провизиите.

Мицкоски ги нарекуваше луѓето „талог“, „мочуриште“, „медиокритети“, „лешинари“. Секој што мисли поинаку, секој што ја критикува власта, секој што бара одговорност станува негов непријател. Кампања по методот на Ванчо Михајлов и Александар Вучиќ.

Сега додека Мицкоски е на екскурзија, Македонија доби прослава со погрешно знаме и видео од кое исчезнаа важни државни достигнувања – членството во НАТО, членството во ОН и кандидатскиот статус за ЕУ.

Кога една власт нема сопствени државнички успеси, се обидува да ги избрише успесите од минатото. Затоа покрај поделбите и навредите сега гледаме и обид за ревизија на 35 години македонска независност. Немаат што да запишат свое, па сакаат да избришат од она што веќе е запишано во македонската историја.

Најголемите стратешки и државнички успеси на Македонија во изминатите 35 години се направени во периоди кога СДСМ ја преземал одговорноста за државата и тоа е неизбришлив факт, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели: