Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува.



