Додека НАТО и Европската Унија отворено предупредуваат за хибридни закани, руско влијание и „српски свет“ во Западен Балкан, Мицкоски и неговата криминална група продолжуваат да ја туркаат Македонија во изолација и странски агенди, реагираат од СДСМ.
Вицепремиерот Стоиљковиќ, прв соработник на Мицкоски, јавно се фали со врските со Русија и „Ноќните волци“ на Путин. Главниот уредник на Орбановите медиуми во Македонија, Драган Павловиќ Латас, човекот со долга историја на соработка со српските служби и УДБА, денеска ја води антиевропската пропаганда. Колку уште пораки треба да стигнат за да разбереме дека Мицкоски и неговата организација работат против македонските интереси?
Половина од ВМРО-ОКГ има бугарски пасоши – министри, пратеници, нивните семејства.М ицкоски предложи закон за двојно државјанство, но само од следниот состав на Собранието.
Кога СДСМ бараше законот да важи веднаш и за сите во Владата – веднаш го повлече. Толку веруваат во Македонија. Толку за нивниот „патриотизам“.
Мицкоски не сака ЕУ затоа што ЕУ значи правда, независно судство и крај на криминалот. Тој сака изолирана Македонија во која тој и неговите блиски можат слободно да крадат, а граѓаните да чекаат на граница, да чекаат децении заглавени.
Македонија не е тројански коњ. Македонија е европска држава, велат од СДСМ.


