Мицкоски на средба со маркетите: Цените на основните производи во јули да останат под 3%

Сподели:

Во текот на вчерашниот ден премиерот Христијан Мицкоски одржа работна средба со претставници на најголемите маркети во државата, посветена на справување со инфлацијата и растот на цените на основните прехранбени производи.

“Во наредниот период ќе следат средби и со добавувачите и производителите, со цел заеднички да придонесеме годишната инфлација и цените на основните производи во јули да останат под 3 проценти. Владата останува посветена на мерки што го штитат животниот стандард и обезбедуваат поголема сигурност за граѓаните”, изјави премиерот Мицкоски по средбата.

Сподели: