„Стоп за Усје“ денеска во 18 часот организира протестен марш под мотото „Не за нова дозвола по стари правила“ и ги повикува граѓаните, стручната јавност, медиумите и граѓанските организации да им се придружат на маршот и заеднички да побараат транспарентна постапка и усогласување со европските еколошки стандарди.
Денешниот протест ќе започне пред Собранието и ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање.
“Зошто да дојдеш на маршот на Вторник? Затоа што секоја нова дозвола по застарени стандарди значи уште години загадување, болести и загрозени животи. Затоа што ако молчиме денес, утре ќе плаќаме со нашето здравје. Затоа што институциите мора да знаат дека граѓаните гледаат, паметат и бараат одговорност. И затоа што промените не доаѓаат сами,се изборуваат! Дојди. Покажи став. Биди дел од притисокот за промена”, – повикуваат од Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“.


