Вести Изјави Македонија Ударни вести

Мицкоски: Поради загадувањето и пандемијата, хронично болните да се ослободат од работа

Сподели:

 

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, апелира до здравствените власти да ги ослободат хронично болните од работа поради високата загаденост на воздухот и состојбата со коронавирусот.

 

 

“Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа. Посебно тие со белодробни заболувања, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Бројот на починати на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80% по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест.

Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност”, – напиша Мицкоски.

Сподели: