Мицкоски предлага маркетите јавно да ги објават цените на своите производи

Сподели

Секој маркет на својата веб-страница да ги објави цените на сите производи што ги има, изјави на денешната прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски и дека ова ќе го предложи на Владината седница.

“Сите синџири на супермаркетите, хипермаркетите да имаат јавна веб-страница, транспарентна, на која ќе ги објават сите цени на сите производи што ги имаат во своите маркети, за да може граѓаните јасно да видат колкави се цените и самите да одлучуваат, како што имаат некои земји во светот. Ќе можеме и да ги следиме ние тие трендови, да правиме некој хистограм на движење на тие цени“.

Се разгледуваат неколку мерки за да се намалат цените на производите, но одлуката ќе се донесе по брифингот и анализата на Државниот пазарен инспекторат на денешната Владина седница, истакна премиерот Мицкоски.