Мицкоски застана во одбрана на криминалот наместо да побара одговорност

Сподели

 

Последниот случај Феникс го потврди криминалот на ДПМНЕ и покажа дека Мицкоски го брани тој криминал преку Скопје 2014, наместо да побара одговорност од сите инволвирани за кои ќе се докаже дека го прекршиле законот.

Најголемата пералница на пари на ДПМНЕ е Скопје 2014, тоа е ултра криминал од невидени размери.

Но, Скопје 2014 е само дел од криминалот на оваа партија.

Бројни судски пресуди со долгогодишни затворски казни, стотици осудени сегашни и поранешни функционери на ДПМНЕ, меѓу кои и за злосторничко здружение се дел од криминалот потврден од надлежни судови.

Дури Белата палата, седиштето на ДПМНЕ е криминално стекната, врз грбот на граѓаните.

Со што го задолжија Мицкоски осомничените, поранешни највисоки функционери на ДПМНЕ, па ги брани?

Зошто не побара одговорност од сите и целосно расчистување на сите можни случаи?

Очигледно ништо не се променило во ДПМНЕ, тоа е старата, режимска, криминална партија, се наведува во денешното соопштение на СДСМ.