Мизрахи: Ова е единствената табла на МТСП и тука ќе се држат сите прес-конференции

Сподели

 

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, на денешната прес-конференција, прашана за таблата, изјави дека нема намера да ја менува таблата со името Република Македонија, па дури и е подготовена да плати казна.

„Тука никогаш не најдов банер со Северна Македонија. Ова е единствената табла на Министерството за труд и социјална политика и тука ќе се држат сите прес-конференции. Ќе платам казна од 5.000 евра, но немам намера да ставам банер со Република Северна Македонија“, рече Мизрахи.