Собрание на РС Македонија: Ратификација на влез во НАТО

Сподели

 

Собранието на РС Македонија, денеска ќе гласа за предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, кој ќе има одложено дејство, односно ќе стапи на сила откако и последната членка на НАТО што го нема досега ратификувано протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО – Шпанија ќе стори тоа.

Се очекува партиите едногласно да го ратификуваат договорот, оти и опозицијата се изјасни дека го поддржува влезот во Северноатлантскиот сојуз. По седницата, предвидено е свечено кревање на знамето на НАТО пред собранискиот дом.

Свечената седница е закажана за 15 часот, со само една точка на дневниот ред: ратификацијата.

Пред седницата, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се сретне со претставници на парламентите на земјите во регионот-членки на НАТО – Мирослав Туѓман од Хрватска, Василика Хуси од Албанија, Цвета Карајанчева од Бугарија, Генци Ниманбегу од Црна Гора, како и со Атила Местерхази од Парламентарното Собрание на НАТО.

На собраниската седница ќе први ќе се обрати претседателот Стево Пендаровски, по него техничкиот премиер Оливер Спасовски, потоа Јован Митревски од името на пратеничката група на СДСМ, а од името на пратеничката група на ДУИ, ќе говори партискиот лидер Али Ахмети, што е вистинска реткост – тој да зборува во Собранието. Во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе говори Никола Мицевски, Нола Исмајлоска Старова од Независната пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Сурја Рашиди од Алијанса на Албанците, Африм Гаши од Алтернатива, Фадил Зендели од Беса и Мерал Ферати од ДПА.

Како домаќин на законодавниот дом, последен ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери, а по гласањето на законот за ратификација на Северноатланскиот договор, ќе се обрати и и Атила Местерхази од ПС на НАТО.
Потоа, како што е планирано, во 16 часот ќе се одржи свеченост на кревање на знамето на НАТО пред Собранието.