Алтернатива Настани

МКЦ: 12. СКОПЈЕ ПОСТЕР ФЕСТИВАЛ #ИнклузијаНеЕксклузија

Сподели:

МКЦ, 12.СКОПЈЕ ПОСТЕР ФЕСТИВАЛ, 18.јуни

50 плакати за 50 моќни пораки за #ИнклузијаНеЕксклузија

Студентите од Европскиот континент, преку своите дела, изразија цврст став за разбивање на стигмите и табуата поврзани со лицата од социјалната маргина, дискриминираните и несоодветно вклучените инивидуи и општествени групи.

Студенти од речиси целиот континент, од Португалија до Турција, од Велика Британија до Русија учествуваа во конкурсот „Инклузија, не ексклузија“.

Главната награда, која ја понесоа 8 автори, е патување и учество во еднонеделна off-town работилница во Преспа, на која учесниците заедно со врвни менторите од Швајцарија(Штефан Бунди) и Македонија(Костадин Танчев-Динка) ќе работат на создавање дополнителни дела кои ќе бидат изложени во рамки на патувачката турнеја на 12. издание на СПФ, почнувајќи од 15 јули.

Победници на конкурсот „Инклузија, не ексклузија“ се: Денис Несмејанов (РУС), Еце Батур (ТУР), Едуардо Рибеиро (ПОР), Лука Прстојевиќ (СРБ), Стефан Симоновски (МКД), Теодора Младеновска (МКД), Клаудиа Заблоцка (ПОЛ), Џина Парк (ПОЛ).

Сподели: