МКЦ: „Ерос и Танатос“ – изложба на Весна Ничевска

Сподели

 

МКЦ, Ерос и Танатос, Изложба а Весна Ничевска, 10 јули во 20 часот.

 

Академската сликарка ќе се претстави со 40-ина дела со фигуративна, но експресивна содржина во различни техники; туш, акварел, акрилик, пастел и комбинирана техника. Сензуалноста, еротиката и љубовта наспроти смртта и страста за живот инкорпорирани во сцени замрзнати во времето, а сепак толку живи претставени со брзи и експресивни, спонтани потези на хартија или платно.

Весна е родена 1977 во Скопје, дипломирала 2001 на Факултетот за ликовни уметности при универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје во класата на професор Родољуб Анастасов.
Учествувала на повеќе групни изложби, стрип-фестивали, објавувана е во повеќе стрип-ревии и илустрирала повеќе детски приказни.

Ерос и Танатос, љубов и смрт, страст и болка, силите што го придвижуваат светот, силите на инспирацијата, волјата и ентузијазмот против непостоењето. Уметноста е тука да остави белег на кожата на голата егзистенција, на малограѓанскиот, досаден живот, белег па макар и крвав со ноктите на провокацијата. Јазикот на љубовта секој може да го разбере сѐ додека не се опира заробен во табуизираното општество, јазикот е симбол на провокација, на страст и бакнување.

*Настанот ќе биде реализиран по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита.