Алтернатива Настани

МКЦ: КОНЦЕРТ на МУХАМЕД ИБРАХИМИ

Сподели:

МКЦ, КОНЦЕРТ на МУХАМЕД ИБРАХИМИ, 17. мај

МУХАМЕД ИБРАХИМИ е речиси волшебна појава на македонската музичка сцена. Невиден виртуоз и извонреден музичар, кој својата публика редовно ја остава без здив и со подзината уста.

Гитара, шаркија, мандолина…тоа е светото тројство за Ibrahimi, инструментариум на кој му нема рамен во земјава, а можеби и пошироко.

По извонредно успешниот прв албум Fly (PMG Recordings, 2014) чиј два пати печатен тираж е одамна распродаден, кон крајот на минатата, 2018 година, тој го издаде вториот албум Devotion. На слушачката промоција отиде целиот прв тираж од ова фантастично ЦД, а за КОНЦЕРТНАТА ПРОМОЦИЈА која ја најавуваме во овој евент, се печати втор тираж од ЦД-то.
Бидете дел од овој фантастичен концерт во Кино Фросина.
Билетите во претпродажба по цена од 250ден.
На ден на концерт на билетара 300ден.

Сподели: